Македонија
8. October 2015 - 16:39

Пешевски во Крива Паланка, решен проблемот со водоснабдувањето

Крај на проблемите со водоснабдувањето во Крива Паланка. Жителите на овој град повеќе не треба да се грижат дали во критичните месеци од годината ќе останат без вода. Новиот водоводен систем и станицата за пречистување кои свечено во употреба ги пуштија вицепремиерот Пешевски и градоначалникот Алексовски, го затвораат делгогодишното прашање се водоснабдувањето.

Во годината која следува во Крива Паланка ќе се реализираат уште 3 капитални проекти за изградба на канализациони мрежи и 3 локални патишта во вредност од 1 милион евра.

Пешевски кој денот го мина со интензивна агенда во Крива Паланка, присуствуваше и на свечената седница на општината по повод денот на ослободувањето на градот, а претходно се осврна и на изградбата на новиот експресен пат Ранковце – Крива Паланка кој ќе се реализира до 2019-та година.