Бизнис
10. November 2016 - 20:29

Пешевски: Исплатата на пензиите е сигурна, Македонија е меѓу најниско задолжените држави

Пензискиот систем е стабилен, пензиите се исплаќаат на време. Пензионерите не треба да стравуваат за своите примања, кој редовно ги добиваат во последниве десет години. Вака вицепремиерот Пешевски ги искоментира забелешките на Светска банка и ММФ за пензискиот систем , но напомена дека тие констатирле напредок во многу други свери.

- Македонија, особено во делот на државниот долг, спаѓа меѓу најниско задолжените земји во светот. Не треба да заборавиме дека Макеоднија беше рангирана и во десетте земји во светот со најдобри услови за водење на бизнис.Во ред се сите забелешки како една долгорочна визија дека човек треба да биде внимателен, но мислам дека не постои никаков простор за најмала загриженост, рече  Владимир Пешевски- Вицепремиер за економски прашања

И во  последниот извештај на Европската комисија политичката криза беше посочена  како главен виновник за пониските стапки на раст на домашната економија. Сепак земјава успеала да ја задржи макроекономската стабилност која зајакнала како резултат на големите инфраструктурни проекти и инвестициите и да ја намали невработеноста.

Во наредните 15 години Македонија ќе се фокусира на целосно искоренување на сиромаштијата и обезбедување на пристоен живот преку услогласување на  домашната национална стратегија со Целите на одржливиот развој на ОН