Свет
10. February 2017 - 8:35

Перуански суд нареди апсење на поранешниот претседател на државата Алехандро Толедо

Перуански суд нареди да биде уапсен поранешниот претседател на државата Алехандро Толедо под сомнение дека земал мито од бразилската градежна компанија Одебрехт.

Толедо е под домнение дека земал мито од околу 20 милиони долари за решение за градење магистрала меѓу Бразилија и перуанското крајбрежје.

Толедо беше претседател на Перу во периодот од 2001 и 2006 година. Во моментот тој се наоѓа во Париз и во изјави за перуански медиуми тој негираше каква било криминална активност.

Од компанијата Одебрехт признаа дека платиле речиси 800 милиони долари поткупи за низа влади во Јужна Америка. За Перу компанијата тврди дека платила 29 милиони долари за проекти изградени за време на Толедо и двајца негови наследници.