Фудбал
28. јуни 2017 - 10:44

Перез: Не го даваме Роналдо

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, изјавил за шпанските медиуми дека Кристијано Роналдо е лут и навреден, поради обвинувањата упатени на негова сметка, но дека тој нема да го напушти клубот.
 
Шпанските власти го обвинија Кристијано Роналдо дека затајувал данок, се споменува сума од 14,7 милиони евра, а поради овој случај тој на 31.јули треба да се појави пред судот.
 
Роналдо во моментов се наоѓа во Русија, каде со својата репрезентација учествува на Купот на Конфедерации, а од Шпанија речиси секојдневно доаѓаат информации дека тој сака да го напушти Реал.
 
Како потенцијални клубови кои се заинтересирани за Португалецот се споменуваат ПСЖ и Манчестер Јунајтед.
 
„Кристијано има договор до 2021 година. Занм дека е лут, јас со него сеуште не сум разговарал. Ќе седнеме по Купот на Конфедерации. Роналдо е човек со интегритет, кој ги извршува своите обврски. Тој е лут бидејќи многумина сакаат да му наштетат со приказните за даночното затајување. Разговарав со неговиот менаџер и убеден сум дека ќе остане во Реал“, рекол Перез.
 
Кристијано Роналдо во Реал е од 2009 година и со клубот има освоено три титули во Лигата на шампионите.