02.09.2014 - 03:49 |
Последна промена пред 6 часа 1 мин

Пепси наградува со влезници за концертот на Бијонсе

На 18ти февруари започна наградната игра на Пепси, каде сите обожаватели на овој бренд и фанови на Бијонсе ќе добијат можност да се натпреваруваат за една од 100те вредни награди и секако за 20те влезници за концертот на Бијонсе. Наградната игра ќе трае се до 31ви март.

Критериумите за учество се едноставни, потребно е само да бидете фанови на Pepsi Македонија фан страната на фејсбук и да ги следите правилата на игра. Исто така, 10-те најактивни учесници во наградната игра по автоматизам ќе одат на концерт.

Светската турнеја на Бијонсе насловена како The Mrs. Carter Show World Tour, започнува на 15ти април со концертот во Белград. Се очекува Белград да биде почеток на едно спектакуларно  музичко и визуелно доживување. Среќните добитници на една од 20те влезници, ќе ја имаат таа привилегија да бидат првите кои ќе го видат овој спектакл кој потоа продолжува да се одржува во останатите земји во Европа и светот. Пепси секогаш ги изненадува своите фанови и овој пат им нуди едно незаборавно доживување да бидат едни од првите сведоци на ова музичко шоу.

Освен 20те влезници за концертот на Бијонсе, останатите вредни награди се Sony видео MP3 плеери, брендирани маици со ликот на Бијонсе. Сите обожаватели на Пепси и Бијонсе може да учествуваат во оваа наградна игра неограничен број пати.

Извлекувањето на наградите ќе биде на 3ти април, а среќните добитници ќе бидат објавени на 4ти април на www.prilepskapivarnica.com.mkwww.pepsi.com.mkwww.facebook.com/PepsiMakedonija.

 

 

 

Живот