-->
-->
Пеп заминува, доаѓа Анчелоти
-->
Минхенски Баерн соопшти дека тренерот Пеп Гвардиола, по завршувањето на сезоната ќе го напушти клубот, а дека негов наследник ќе биде Карло Анчелоти.
“Му благодариме на Гвардиола за она што го направи за нашиот клуб и се надевам дека и оваа сезона ќе имаме многу успеси. Анчелоти може да биде добар тренер за Баерн. Однапред се радувам на соработката со него“, изјавил за Bild, претседателот на Баерн, Карл-Хајнц Румениге.
Гвардиола стана тренер на Баерн во 2013 година, а во својот мандат барем досега освои две титули во Бундеслигата и по една во Купот, УЕФА Суперкупот и на Светскоот првенство за клубови.
Шпекулациите говорат дека Гвардиола од наредната сезона ќе го предводи Манчестер Сити.
Анчелоти оваа сезона е без ангажман, откако замина од Реал каде мина две години. Во кариерата Анчелоти работел во Реџина, Парма, Јувентус, Милан, Челзи и ПСЖ.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош
-
Физички нападната 71-годишна скопјанка
-
Тепачка на паркинг во Скопје
-
19-годишник повреден на работно место
-
Локализиран пожар во туристичката населба Абланица во Берово
-
Палестинската управа формира нова влада
-
Руски воени бродови впловија во Црвено Море
-
Бојмацалиев: ОВР Дебар поднесе рекордни 55 кривични пријави за дивоградби во 2023