Свет
8. December 2016 - 10:59

Пензионираниот генерал Кели потврди дека Трамп го поканил да го води Министерството за внатрешна безбедност

Генералниот од резервниот состав на маринците Џон Кели ја потврди информацијата објавена од Си-Ен-Ен дека бил поканет од новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп да стане министер за национална безбедност.

- Добив таква молба и јас тоа го сметам за голема чест, изјави Кели.

Шеесет и шест годишниот Кели ќе биде третиот пензиониран генерал на кого новоизбраниот претседател на САД му предложи висока функција во идната администрација.

Трамп веќе ги номинира Џејмс Матис за министер за одбрана и го назначи Мајкл Флин за свој советник за национална безбедност.