Живот
12. August 2015 - 16:35

Пензионерката канибал го копирала најпознатиот руски сериски убиец

Руската пензионерка осомничена за серија убиства односно дури 11 биле опишани во нејзините дневници, била опседната со озлогласениот советски убиец Андреј Чикатило, познат како „Црвениот Мевосек“.

Тамара Самсоново (68) наречена „Бабата Мевосек“, убила и распарчила неколку свои потстанари во текот на 20 години.

Полицијата истражува дали таа ги јадела органите од жртвите, а таа е испратена на психијатриска проверка.

Се претпоставува дека Самсонова се угледувала на озлогласениот Чикатило кој е погубен во 1994 година.

Тој важи за најлош „манијак“ и крвожеден вампир кој убил и јадел од 52 свои жртви во текот на повеќе години во тогашниот Советски Сојуз.

Психопатот ги касапел телата на своите жртви така што им ги сечел јазиците, ушните тапанчиња и им ги вадел очите зошто се плашел дека ја меморирале неговата слика.

Сосетката на Самсонова Марина Кривенко вели дека таа многу била заинтересирана за манијакот Чикатило.

-Таа собираше информации за него и за тоа како и извршувал убиствата и беше многу фасцинирана од него, вели Марина.

Чикатило со години ја измачуваше советската полиција која се обидуваше да покаже дека во перфектното Советско општество нема масовни убијци.

Самсонова освен со Чикатило била опседната со црна магија и астрологија.

-Пред 15 години дојдов да живеам тука со мојот сопруг. Често одев во нејзиниот стан да телефонирам и тогаш и таа изгледаше многу подобро, а и станот беше поатрактивен. Таа се грижеше за својот изглед и имаше откачена навика да седи топлес на својот прозорец, за да можат соседите да ја видат, вели таа и признава дека и на нејзиниот сопруг му се допаѓало голото тело на Самсонова.

Поранешната хотелска работничка се фалела дека добро го владее англискиот и германскиот јазик.

Токму оваа сосетка на Самсонова и ја позајмила моторната пила која никогаш не и ја вратила.

Самсонова е откриена кога вреќи со искасапеното тело на својата потстанарка ги изнела од домот во Санкт Петерсбург и ги фрлила во едно езерце. Таа е снимена од безбесносните камери.

Откако е откриена Самсонова не сакала да признае каде ја сокрила главата на својата жртва Валентина Уланова.

Полицијата се уште ги истражува нејзините дневници, напишани на руски, англиски и германски јазик во кој има признание за 10 убиства, но не и за последното на Уланова кое го признала во полициската станица.

Инаку советскиот сериски убиец Чикатило во текот на изминативе две децении бил копиран од многу психопати кои стојат заедно зад околу 500 убиства, но сега се зад решетки.