Бизнис
30. November 2015 - 16:43

Пензионерите загрижени за исплатата на пензиите - ДИК до утре до 10 часот треба да одлучи по ветото на Наумов

Пензионерите загрижени дали в петок ќе ја добијат ноемвриската пензија. Апелираат парите и натаму да им легнуваат на сметка на почеток на месецот како во изминатите неколку години.

Исплатата на пензијата се проблематизира откако дополнителниот заменик министер за финансии од редовите на СДСМ, Кире Наумов, го искористи правото на вето на аукцијата која треба да се одржи утре. На оваа аукција треба да бидат запишани околу 100 милиони евра, пари потребни за нормални функционирање на државата.

- Самата најава дека навремената исплата која со години наназад е до 6-ти во месецот, овој пат може да биде доведена во прашање има големо реагирање кај членството на Сојузот на пениознерите и се смета дека треба да се изнајдат сите мерки да не дојде до еден таков проблем за исплата на пензиите на пензионерите. Последните 4-5 години пензиите за претходнито месец се исплаќаат редовно до 6-ти во наредникот месец. Ако се доведе во прашање исплатата на пензиите за овој месец ќе дојде до голем проблем меѓу пензионерите и граѓаните на Република Македонија.  Тоа ќе биде навистина револт, зотоа што тоа е една нормална работа да се примаат пензиите навремено, изјави претседателот на Сојузот на здруженија на пензиоенрите Драги Аргировски.

Државни хартии од вредност се нормална практика во сите држави, а кај нас се применуваат од 2004 година. Со нив се пополнува јазот меѓу расходната и приходната страна во буџетот кој настанува заради исплатите на пензии и плати на почеток на месецот, а приходите од даноци и акцизи се слеваат после 15 –ти.

По ветото кое го вложи Наумов треба да се произнесе ДИК. Рокот за донесување одлука истекува утре во 10 часот.