Бизнис
7. January 2017 - 16:33

Пензионерите и студентите и годинава бесплатно ќе се возат со воз, проектот нема да биде прекинат

Пензионерите и студентите и годинава бесплатно ќе се возат со воз.

Проектот нема да биде прекинат. Новите возови кои го подобрија квалитетот на услугата и  бесплатниот превоз за студенти и пензионери помогнаа за една година 200 отсто да се зголеми бројот на патници во железницата.

Костов очекува годинава да се зголеми превозот и во товарниот транспорт.

Од железници 2016 ја оценија како солидна година. Но не и подобра од 2015. Ако не се случел четиримесечниот штрајк од  грчка страна и политичката криза 2016 финансиски ќе била многу подобра од претходната, вели Костов.

Инвестициите и новите проекти значително го намалиле и бројот на несреќи и загинати во железничкиот сообраќај.