Пензионер настрада од секс кукла: Го нашле мртов во прегратка на пластичната играчка
Телото на Валериј М. (66) пензионер од Санкт Петербург е пронајдено во неговата куќа, а тој починал додека имал сексуален однос со кукла, соопшти полицијата.
Неговото тело го пронајде полицијата откако соседите пријавиле дека неподнослива смрдеа се шири од неговиот стан. Кога ја скршиле вратата го пронашле старецот како лежи на фотеља покрај својата „девојка“, додека неговото тело било делумно вкочането.
Се верува дека старецот умрел неколку месеци пред тоа, а куклата ја склопил од отпадоци кои ги собирал од кантата за ѓубре во близина на неговата куќа.
Нејзината глава била откорната од кукла од продавница, додека телото било направено од ткаенина, врвки и пешки. Големите, несразмерни гради, биле направени од различни подметачи.
Обдукцијата ќе биде направена, иако полицијата семта дека умрел од природна смрт во друштво на секс куклата. Немало знаци на насилство.
Ново на Сител
-
Медиуми: УЕФА ќе дозволи 26 фудбалери на ЕУРО2024
-
Тајланд сака да биде домаќин на трка во Формула 1
-
Маж во САД ги убил сопругата и трите деца по што се самоубил
-
Наставниците во Тенеси ќе можат да носат пиштоли на училиште
-
Може да гласаат и граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година
-
Упатство за гласање на претседателските избори
-
Отворени избирачките места, право на глас имаат 1.814.317 граѓани
-
Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачко право