Пентагон скептичен кон најавата за повлекување на руските војници од Сирија
Американското Министерство за одбрана денеска изрази сомнеж во најавата на Русија за повлекување на значителен дел од своите војници од Сирија.
- Најавите на Русија за повлекување на војниците честопати не одговараат на постапките и не претставуваат приоритетит на САД во Сирија. Меѓународната коалиција ќе продолжи да дејствува во Срија и да им укажува помош на локалните сили, изјави претставник на американскиот Пентагон.
Владимир Путин денеска допатува во ненејавена посети на Сирија и по средбата со сирискиот претседател Башар ал Асад во руската воена база „Хмејмим“ најави дека најголем дел од руските сили ќе се повлечат од земјата, откако заедно со сириската армија ја поразиле групата Исламска држава (ИД).
- Им издадов наредба на министерот за одбрана и началникот на Генералштабот да почнат со повлекување на руските сили. За нешто повеќе од две години, руските вооружени сили заедно со сириската армија ја уништија најспособната воена група меѓународни терористи. Во врска со тоа, донесов решение: Значителен дел од рускиот воен контингент во Сириската Арапска Република се враќа дома во Русија, истакна Путин.
Рускиот претседател оцени дека е „завршена во борбата против вооружените бандити во Сирија“ и дека во земјата се создадени услови за политичко решение под покровителство на Обединетите нации.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација