Свет
1. February 2018 - 13:55

Пентагон објави снимка на која руски ловец пресретнува американски извиднички авион

Пентагон објави снимкa на која се гледа како руски ловец Су-27 над Црното море пресретнува американски извиднички авион.

Министерството за одбрана на Русија во понеделник соопштило дека на 29. јануари дежурните уреди за контрола на воздушниот простор над Црното море откриле непозната воздушна цел, која се приближувала на граница на воздушниот простор над Русја, пренесува Спутник.

Министерството навело дека ловецот го следел американскиот авион не дозволувајќи му да ја наруши границата на воздушниот простор на Русија, со почитување на сите неопходни мерки за безбедност.