Свет
16. August 2016 - 10:31

Пентагон го потврди испраќањето на 15 ослободени затвореници од „Гванатанамо“ во Обединетите Арапски Емирати

Петнаесетмина затвореници од „Гвантанамо“ се ослободени и испратени во Обединетите Арапски Емирати, што претставува досега најголемо префрлање на упасени од тој затвор за време на управувањето на Барак Обама. 

- По ослободувањето на 12 Јеменци и тројца Авганистанци, во затворот остануваат уште 61 затвореник, соопшти Пентагон.

Претседателот Барак Обама се обидува да го затвори Гвантанамо во американската база во Куба и покрај спротиставувањето од Конгресот. 

Претставникот на „Амнести Интернешнал“ за САД, Норин Шах, изјави дека ослободувањето на 15 затвореници е солиден доказ дека Обама сака да го затвори „Гвантанамо“ пред завршувањето на неговиот мандат.