Свет
27. February 2017 - 21:59

Пентагон достави до Белата куќа план за борба против ИД

Министерството за одбрана на САД достави првичен план до Белата куќа за борба против терористичката организација Исламска држава.

На 28 јануари, осум дена откако стапи на должност претседателот Доналд Трамп на Пентагон му даде рок од 30 денови за да подготви предлог за забрзување на кампањата против ИД.

- Претставениот план е рамка за една поопшта стратегија против ИД, истакна портпаролот на Пентагон, Џеф Дејвис.

Тој додаде дека во предлогот е наведено дека борбата против ИД нема да биде само во Сирија и во Ирак, каде што контролира територии, туку во целиот свет.

Предвидено е секретарот за одбрана Џејмс Матис ќе го претстави планот пред високи претставници на администрацијата на Трамп.