Свет
23. February 2018 - 8:32

Пенс: Ким Јо-џонг е столб на тиранијата во Северна Кореја

 - Американскиот потпретседател Мајк Пенс ја обвини сестрата на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун дека е „столб“ на тиранскиот режим кој загрозува милиони граѓани.

- Сестрата на Ким Џонг-ун е централен столб на најлошиот тирански и репресивен режим во светот. Тоа е злобна семејна свита која брутализира, убива, затвора и малтретира околу 25 милиони луѓе, изјави Пенс на собир на републиканците во близина на Вашингтон.

Тој истакна дека САД одлучно ќе остане против Северна Кореја, се додека Пјонгјанг се заканува и не сака да се откаже од нуклеарната програма.

Пенс и Ким Јо-џонг присуствуваа на отворање на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг во иста ложа, но не разменија ниту збор.