Ракомет
7. February 2017 - 16:14

Пенезиќ од утре се враќа на тренинзи

Ракометарката на ЖРК Вардар, Андреа Пенезиќ саботниот натпревар со Мец од Лигата на шампионите го заврши предвреме поради повреда на бутниот мускул. Во прв момент ситуацијата беше навистина тешка.
 
Сепак за среќа повредата не од сериозна природа и според најавите Пенезиќ веќе утре (среда) треба да се врати на тренинзите со тимот.
 
ЖРК Вардар следниот натпревар од Лигата на шампионите го игра на гости против Турингер в недела.
 
Пенезиќ беше прогласена и за „ѕвезда“ на првото коло од главната фаза, а со 43 постигнати таа се наоѓа на 7.место на листата на стрелците.