Фудбал
17. May 2017 - 10:47

Пелистер против Шкендија дуел за Купот на Македонија

Екипите на битолски Пелистер и тетовска Шкендија ќе се брат за трофејот во фудбалскиот Куп на Македонија. 
 
Попладнево на стадионот „Младост“ во Струмица, Пелистер и Шкендија ќе играат во финалето на националниот куп.
 
За битолчани ова е прв финален меч по пауза од 16 години, откако во 2001-та во финалето ја совладаа Слога Југомагнат со 2:1. 
 
Тетовска Шкендија ќе има можност да го брани трофејот освоен минатата година.   
 
Финалниот меч во Купот на Македонија, меѓу Пелистер и Шкендија ќе започне до 17 часот.