Loading Video...
Фудбал
29. November 2017 - 15:13

Пелистер, А. Пандев и Ренова се пласираа во 1/2-финалето во Куп на Македонија

Екипите на Пелистер, Академија Пандев и Ренова се пласираа во 1/2.финалето на фудбалскиот Куп на Македонија

Ова е исходот по денеска одиграните реванш четвртфинални мечеви. 

Академија Пандев и по втор пат беше подобра од Тетекс. Откако струмичани го добија првиот меч во Тетово со 2-0, денеска пред своите симпатизери славеа со 4-1. 

И екипата на Ренова по втор пат беше подобра од Скопје. „Гипсарите“ кои го добија првиот дуел со 2-0, денеска со пресврт забележаа победа со 2-1.

Пелагониското дерби во Прилеп меѓу Победа и Пелистер заврши без победник 2-2, но битолчани на првата средба забележаа убедлив триумф од 5-2. 

Утре, во Ѓорче Петров својот прв натпревар од осминафиналенто ќе го одиграат Вардар и Шкупи, а победникот од двомечот ќе биде противник на Шкендија во четвртфиналето, по што ќе биде познат и последниот тим кој ќе игра во полуфиналето на националниот куп.