Кошарка
10. October 2017 - 9:28

Пелистер го пречекува Шкупи во дуел од 1.коло

 
 
 Екипата на битолски Пелистер е домаќин на Шкупи во меч од воведното прво коло од новата сезона до Првата македонска кошаркарска лига. 
 
Пелистерци кои како и Шкупи во елитното друштво сезонава ќе играат благодарение на проширувањето на лигата од 10 на 12 тима. 
 
Дуелот во Битола ќе започне од 16.30 часот.
 
На средбите кои беа одиграни изминатиов викенд беа постигнати овие резултати: Куманово – Работнички 88-91 (81-81), Струмица – АВ Охрид 76-90 и Кожув – Блокотехна 56-90. 
 
За  утре (18 часот) закажан е дуелот Фени Индустри – Гостивар, а колото ќе биде комплетирано во четврток (18 часот) со дербито  МЗТ Скопје – Карпош Соколи.