Фудбал
27. March 2017 - 12:45

Пекол за Шукур, Турција му го одзеде имотот

Турција стана забранета земја за еден од најдобрите фудбалери во историјата на турскиот фудбал и херојот на нацијата од Светското првенство во 2002 година, Хакан Шукур.

Легендарниот напаѓач од турските власти е обвинет за финансирање на терористичката органзација ФЕТО, која во јули минатата година се обиде да изврши пуч во државата.

Шукур е близок пријател со лидерот на оваа организација Фетулах Гулен.

Поранешниот фудбалер ги негираше обвинувањата дека на бил каков начин учествувал во пучот, но тоа не му помогна да го сочува својот имот во Турција. Државата му го одзеде комплетниот имот на Хакан Шукур и доколку се обиде да влезе во Турција ќе биде уапсен.

Исто така тој е исклучен од членството во Галатасарај, а сите негови клупски рекорди се избришани.

Шукур ќе продолжи да живее во САД, додека неговиот татко, Селмет, веќе неколку месеци се наоѓа во затвор.