Македонија
10. July 2017 - 8:06

Пекол во Македонија - еве колкави ќе бидат температурите

Времето во Македонија ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност и со слаб до умерен јужен ветер. Попладне во планинските подрачја со услови за локална појава на краткотраен дожд и грмежи.

Вредноста на УВ индексот ќе изнесува 9. Утринската температура ќе се движи од 11 до 21, а дневната највисока температура на воздухот ќе биде во интервалот од 31 до 39 степени.

Во Скопје сончево и многу топло со мала облачност и со слаб до умерен јужен ветер. Температурите од 19/ 38 степени.

Во наредните денови продолжува периодот на претежно сончево и многу топло време. Утре попладне во планинските предели ќе има услови за локална појава на краткотраен дожд и ретки грмежи. Дневната температура до среда ќе биде во постепен пораст, при што во вторник и во среда во најтоплите делови повторно ќе го надмине 40-иот степен.

Извесна промена на времето проследена со засилен северен ветер и намалување на дневната температура за околу 5 степени се очекува во четврток и во петок.

Намалувањето на дневната температура ќе продолжи и за време на наредниот викенд кога ќе биде нестабилно со локални поројни врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер.