Џет-Сет
17. December 2017 - 21:29

Пејачот Владо Георгиев наскоро ќе добие второ дете: Го откри полот и се одлучи за ова македонско име

Пејачот со своите фанови сподели детаљ од приватниот живот кој ги воодушеви сите.

Владо Георгиев веќе има ќерка Софија со избраничката Милица Самарџија, а сега очекува уште едно дете.

Тој во емисијата „Вечер со Иван Ивановиќ“ откри дека неговото второ дете ќе биде девојче и ќе и го даде името Елена.

Инаку, Георгиев важеше за еден од најголемите заводници на естрадата, но се скраси покрај Милица и во едно интервју истакна дека улогата на татко многу му годи.