Џет-Сет
26. April 2017 - 14:58

Пејачката во болничка постела: Се огласи Сека Алексиќ

Сека објави фотографија од болничкиот кревет со што направи вистински хаос на социјалните мрежи.

Пејачката Сека Алексиќ ги вознемири своите фанови, зошто се гледа дека е приклучена на инфузија, но таа подоцна се јави преку Инстаграм и објаснила што точно се случило.

-Прекрасен ден! Искористете го да подарите некому љубов, внимание и топла преграка! П.С. Јас сум супер, фотографијата е вообичаена, кокел од витамини кои секој здрав човек треба да ги користи! Се чувствувам одлично! Се користат заради превентива, да не настинете итн, напиша таа покрај фотографијата на која го гушка малечкиот Јаков.