Џет-Сет
13. October 2017 - 11:12

Пејачката направи хаос: Стоја за малку ќе го запалеше хотелот каде престојуваше, интервенираа 15 пожарникари, гостите евакуирани

Стоја Новаковиќ предизвикала пожар во еден хотел во Сиднеј, поради што за  малку ќе завршела во затвор. За нејзина среќа, поминала само со парична казна.

Пејачката хаос направила само затоа што си подготвувала појадок во својот апартман. Тостерот се запалил, запиштел алармаот, се запалил детекторот за чад и прскалките, а на самото место пристигнале три пожарникарски возила со 15 пожарникари.

Персоналот од хотелот истиот момент ги евакуирало гостите.

-Сака попечен тост, па Стоја два пати го тостирала лебот. меѓутоа, тостерот почнал да чади и во кујната ништо не се гледало. Се запалил алармот за чад, настанала паника, а пејачката се тресела од нервоза. За среќа, не се направила голема штета, но морала да се правда пред полиција и пред директорот од хотелот. Таа само што собрала пари од австралиската турнеја, морала да одвои поголема сума пари за да плати казна. Имала среќа што секоја вечер работела и ги полнела клубовите, па добро заработила, вели извор.

Пејачката ги потврди овие информации.

-Не сакам да се сеќавам ан тој ден. Се е точно. Жал ми е само што платив казна, а не запалив цигара, туку тостер. Барем да ја запалев, па да не жалам, рече Стоја.