Балкан
26. April 2016 - 12:21

Пејачката Јелена тајната ја однесе во гроб

Трагичен јунак е личност која страда без сопствена вина и носи исправни одлуки и прави добри дела, но судбината си поигрува со него. Како што пишува српскиот Стори, тешко е на било кој друг начин освен на овој да се објасни смртта на пејачката на Гранд, Јелена Крсмановиќ Марјановиќ која зад себе остави 5-годишно детенце.
 
Постојано слушаме нови детали за грозоморното убиство, за насилникот кој ѕверски ја уби со 30 удари од дрвена палка, за бруталната тортура на која била подложена и заедно со шокот за младата пејачка имаше и река солзи поради трагедијата која го снајде семејството.
 
Јелена Крсмановиќ е родена во 1983 година и уште во основно училиште покажувала талент за музика. На 13 години прв пат настапила на Ѕвездите на Гранд и тогаш сите се запознале со нејзината дарба. Првиот албум го издала во 2002 година и со него најавила блескава кариера, но не секогаш се е онака како што ќе зацртаме.
 
Прво и починал таткото со кој била особено блиска, кој и бил поддршка во се. Се повлекла од музиката по трагедијата, а по една деценија откако се вратила прв пат прозборела за него: - Тој ми беше поддршка во се. Никој не смееше со прст да ме допре, тој беше мојата сила. Секаде одеше со мене и ме штитеше, беше голема трагедија, рекла сега починатата Јелена.
 
Година дена по смртта на татка си, трагедиите продолжиле да се нижат и Јелена го загубила и чичкото со кој била блиска. 
 
Во 2010 се омажила за Зоран Марјановиќ и ја добила ќеркичката Јана. Иако се чинело дека приватниот живот и кариерата и одат повторно во нагорна насока, Јелена сепак доживеала уште еден удар кога дознала дека мајка и е болна од рак. Со неа поминале доста тешки денови.
 
Нејзините пријатели велат дека пред смртта Јелена говорела дека таа е следна во семејството и дека животот ќе и згасне. Таа ја однесе тајната во гроб зошто го рекла тоа, а полицијата веќе четврта недела по ред се обидува да открие кој е монструмот кој крвнички ја уби Јелена.