Џет-Сет
17. October 2016 - 20:30

Пејачката го преболе разводот, има ново момче

Српската пејачка Дара Бубамара открива дека по разводот од сопругот Милан Кесиќ и порно скандалот во кој беше вмешана, повторно е среќна.

Неодамна се разведе од сопругот со кој има син Коста, а не и требаше многу време за да го преболи бившиот. Пејачката повторно е среќна, а насмевката не ја симнува од лице.

-Многу сум среќна, рече Дара и потврдно одговори со главата на прашањето дали има нов партнер.

Да потсетиме, Дара неодамна се најде во афера кога во јавност протекоа порно снимки кои таа наводно му ги испраќала на еден фудбалер од Партизан.