Џет-Сет
28. јуни 2017 - 13:02

Пејачката ги шокираше фановите: Го загубив детето, оставете ме да тагувам!

Британската пејачка Шарлот Чурч на социјалните мрежи ги извести обожавателите дека го изгубила детето.

-Шарлот и Џони со тага ве известуваат дека го изгубија детето. Сега е време за жалост кое ќе го поминеме во кругот на семејството. Ве молам да го почитуваат тој мир, стои во објавата на Фејсбук.

Шарлот која од претходната врска со рагбистот Гавин Хенсен има две деца, требаше да се породи наесен.

Со партнерот Џонатан Пауел е во врска од 2010 година, а дека го очекуваат своето прво заедничко дете открија пред месец дена.