Живот
15. December 2017 - 13:54

Пејачка истурала млеко на банана алудирајќи на орален секс: Сега поради тоа ја чека робија

Египетската поп пејачка Шаима Ахмед (25) уапсена е во ноември откако се појавила во видео спот, на кој алудирала на орален секс. Судот донел одлука дека таа мора да помине две години во затвор поради "потикнување на блуд и разврат".

Шаима Ахмед, позната по своето сценско име Шајма, се појавила во спотот "Имам проблем" во долни гаќички пред млади момчиња во училница во која глумела наставничка. На таблата зад нејзе е напишано "Клас #69" и "ваг" (скратено од вагина), во спотот јаде јаболко и банана а во еден момент со млеко ја посипува бананата.

Во објава на Фејсбук Шајма се извинила на сите кои ги вознемирил спотот и кои го доживеале на неприкладен начин.

Признала дека не очекувала такви импликации и додала дека не можела ни да замисли дека ќе биде цел на "силни напади".

Пред спорната песна никој не слушнал за Шаима Ахмед.

Таа ќе мора да плати казна од 560 долари и може да се жали на одлуката на судот. Режисерот на спотот исто така добил две години затвор и парична казна.

Погледнете го видео спотот: