Свет
25. March 2017 - 9:44

Педесет загинати во напад во три села во Централноафриканска Република

Најмалку 50 лица се убиени, а десетина се повредени во напад врз три села во Централноафриканска Република, изјавија очевидци и локалното население. 

Вооружените напаѓачи отвориле оган кон населението, изјави еден од очевидците, кој успеал да се спаси, јави БТА.

Една од најсирмашните земји на светот, ЦАР се бори да закрепне од тригодишната граѓанска војна меѓу муслиманските и христијанските милиции, која почна во 2013 година.