Македонија
6. December 2017 - 8:33

Педагошкиот факултет - Скопје одбележува 70 години постоење

Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ денеска со Свечена академија ќе го одбележи 8 Декември, празникот на големиот просветител и учител Св. Климент Охридски, како и јубилејот - 70 години од основањето.

Во рамки на свеченоста се предвидени пригодни обраќања, музички настапи, награди за најдобрите студенти и за најдобрите литературни творби.

Промовирана ќе биде и монографијата „70 години просвета, образование, наука“ од проф. д-р Мито Спасевски.

По повод јубилејот, Педагошкиот факултет утре организира поетско читање, а задутре и ликовна изложба во Чифте амам.