Македонија
11. January 2017 - 13:12

Печалбар од Австралија пронајден мртов во куќата во Лескоец

Вчера околу 18,30 часот во с.Лескоец-охридско, во сопствената куќа, бил пронајден починат П. В. (66), кој бил државјанин на Р.Македонија и Австралија.
 
Смртта без траги на насилство ја констатирал лекар од итната медицинска помош. Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и увидна екипа од СВР-Охрид.
 
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено за обдукција.