Бизнис
19. November 2017 - 16:33

Пчеларите бараат прогласување на елементарна непогода

Алармантна состојбата на пчеларите во земјава.Како резултат на климатските промени покосени се огромен број на пчелни семејства.

Охридските пчелари заедно со оние од Струга и Ресен побараа од надлежните да се прогласи елементарна непогода на национално ниво ,досега не е забележана ваква појава на недостиг од мед.

Состојбата од година во година станува се полоша сметаат експертите.

Според добрите познавачи потребна е систематска пристапност на проблемот ,да се направи проучување за бројот на угинати пчелни семејства ,количината на приноси и последиците зошто е дојдено до оваа сотојба.

Ваквата катастрофална состојба ќе допринесе на пазарот ретко да може да се најде мед а според статистиката се намалува и бројот на луѓе кои се занимаваат со пчеларство.