Пчелари од Македонска Каменица добија 400 медоносни дрвца
Општина Македонска Каменица за развој на пчеларството во општината на 60-ина пчелари, додели 400 медоносни дрвца од сортата јапонски багрем. Како што истакна градоначалникот на Општина Македонска Каменица, Дарко Митевски, општината има за задача да го поттикне развојот на пчеларството и работата на Здружението на пчелари кое постои една година за што од буџетот на општината се издвоени 170 илјади денари.
- Здружението на пчелари од Македонска Каменица е младо здружение формирано 2016, а како здружение, конкурираше со проекти до Општината и Советот ги одобри сите проекти на Здружението. Денеска доделуваме медоносни дрвца кои ќе бидат посадени на местата каде им се пчелните семејства, а во иднина ќе ги поддржиме и најавените обуки за пчеларите, а целта е, секако, да го поттикнеме развојот на пчеларството за кое сме убедени дека има потенцијал во овој регион, рече Митевски.
Претседателот на Здружението, Боге Јанковски, го потенцираше значењето на соработката со општината.
- Ние како младо Здружение без поддршка од институциите не можеме да опстоиме. Посебно е значајна денешната поддршка за пчеларите и овие медоносни дрвца од сортата на јапонски багрем кој цути во август кога е сушен период и се посадува во близина на пчелните семејства. Територијата на Македонска Каменица има големи потенцијали за равој на пчеларството, голема неискористетност на пчелните паши, а ќе се обидеме да ги зголемиме и пчелните семејства. Овде се произведува најчистиот мед, што може да донесе и добар приход за пчеларите, но и да се произведе здрав мед кој е лек, истакна Јанковски.
Следната активност на Здружението е обука на пчеларите од компетентни стручни лица со цел да им помогнат на пчеларите во правилно одгледување на пчелните семејства.
Ново на Сител
-
ДИК: Гласањето во затворите тече без проблеми
-
Водителот Марко Новески стана татко на близначиња
-
УЈП: Се продолжува рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите до 26 април 2024 година
-
Инспекторатот ќе контролира дали рабодавачите ја почитуваат владината одлука за неработен ден
-
До четврток облачно со дожд, од петок стабилизирање на времето
-
Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе може да гласаат на утрешните претседателски избори
-
Тешко повреден пешак во сообраќајка на „Партизанска“ во Скопје
-
Во Хрватска падна снег | ВИДЕО