Бизнис
29. March 2017 - 20:48

Пазарџиите се незадоволни од условите на зелените пазари

Да се средат пазарите, да се создадат соодветни услови за работа и да има место за чување на производите,  како што е предвидено уште во 2010 та година, бараат од Комората на трговци.  Пред 17 години беше договорено пазарите да добијат нов лик – да бидат затворени,  оградени со монтажни елементи, санитарни јазли и  паркинг простор.  Би се почнало прво од  Бит пазар, Буљаковец  па до Зелен пазар. Но од тогаш состојбата не се променила.  

-Луѓето работат во субстандардни услови, тоа е еднакво на геноцид. Одземено е секое право и човечко и хумано. Регистрирани пазарџии има 25.000, а бројот на дивите продавачи е 50.000 кои продаваат на улица. Дури и пред општинските згради има поставени импровизирани тезги, а од друга страна легалните пазарџии се под притисок на инспекциските служби, плаќаат персонален данок на државата, плаќаат закупнина на тезгите, во долгови се и дадени се на извршители, изјави Екрем  Долек, претседател на Комората на трговци.

Од Комората бараат да се среди и нелојалната конкуренција. Велат дека има двојно повеќе диви позарџии, кои продаваат надвор,  на имвровизирани тезги, без да плаќаат никакви давачки.

– Бараме под итно да се донесе ова законско решение бидејќи пазарџиите работат без здравствено и пензиско осигурување…, кои државата треба да им ги обезбеди. Ако излеземе ние на улица значи излегуваме поради глад и недостиг на основни елементарни средства за нас и нашите деца, додаде Долек.

Ако инспекциите излезат на терен. Од Комората за трговци велат дека сите пазари ќе бидат затворени. Ниту еден не ги исполниува условите за работа. Со тоа, 25 илјади семејства кои егзистираат од продавање на пазарите ќе останат  на улица.