Павлопулос ја предупреди Албанија дека го ризикува својот пат кон ЕУ поради блискоста со Косово
Грчкиот претседател Прокопис Павлопулос ја предупреди Албанија дека си го доведува во прашање својот пат кон Европската Унија поради нарушувањето на правата на Грците кои живеат во Албанија, како и поради блиските односи на Албанија со Косово, пренесуваат грчките медиуми.
- Грција е мотивирана од визијата за почитување на меѓународното право, и тоа треба да ги мотивира сите земји кои имаат амбиции да влезат во Европската Унија. Ова и го порачувам особено на Албанија. Ние го поддржуваме процесот на интеграции на оваа пријателска земја со која секогаш имавме добри односи. Но, гледаме дека се развива состојба на меѓународен авантуризам во односите меѓу Тирана и Приштина, како и брутално кршење на човековите права, вклучително и правото на приватна сопственост, на малцинствата во Албанија. Со ова, Албанија, за жал, ги поткопува своите евро-интеграции и тоа е на нејзина одговорнсот. Ние нема да молчиме пред ваквото однесување, должни сме пред Грција и пред Европа да реагираме, изјави грчкиот претседател при посетата на островот Крф.
Грција е една од членките на Европската Унија кои не ја признаваат независноста на Косово. Грција воедно ја обвинува Албанија за конфискување на имоти на припадници на грчкото малцинство кои живеат на југот на Албанија.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Владо Мисајловски, носител на листа ИЕ2 од ВМРО-ДПМНЕ
-
Мицкоски ги повика Апасиев и Димитриевски на обединување
-
Парламентарни избори 2024
-
Претседателски избори 2024
-
МОН до основните училишта: Во саботите ќе се одработуваат неработните денови поради изборите
-
Оспорени 3.000 вработувања кои ги потпишал Бесими без врзан потпис, ДИК ќе одлучува дали ќе останат на работа
-
Компанијата „Еуромакс Ресоурсес“ со последно предупредување пред да ја тужи државата за рудникот „Иловица - Штука“
-
Скопје ја надмина бројката од 400 заразени со голема кашлица