Павлопулос: Изборите во Франција се победа на Европа против остатоците од нацизмот
Ние, народите од Европа, сме решени да не им дозолиме на остатоците од нацизмот, кои работат за распаѓање на Европа, да успеат. Ова е значењето на резултатот од француските избори, изјави грчкиот претседател Прокопис Павлопулос во својот говор на отворањето на Форумот на антички цивилизации во Атина.
- Намерата на секоја вистинска цивилизација е да изгради комуникациски мостови со другите вистински цивилизации и да не гради ѕидови на изолација, истакна Павлопулос.
Осврнувајќи се на историската врска меѓу сегашната глобална криза и нејзините опасности и на текот на други цивилизации, грчкиот претседател истакна дека глобалната криза и нејзините опасности имаат свои корени не во судирот на цивилизациите, туку затоа што овие цивилизации се алармантно деградирани. И поради таа деградација, тие не се повеќе во состојба да ја извршуваат својата природна мировна мисија преку соживот и соработка на глобално ниво.
- Сите сфаќаат дека решителен одговор од страна на соживотот и дијалогот на цивилизациите може да се претвори во моќен и ефикасен лек против злото на војната и теророт со кои Блискиот исток се соочува со години. Во оваа рамка, Атина е домаќин на „Форумот на Антички цивилизации“, со оглед на тоа дека исполнува клучна мисија која е директно поврзана со симболичното минато и историската перспектива на Грција, додаде Павлопулос.
Ново на Сител
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората
-
Нови 46 случаи на голема кашлица од 12 до 18 април, хоспитализирани девет лица
-
ЕУ повикува сите актери на Блискиот Исток да работат на деескалација на тензиите