Македонија
18. October 2016 - 16:24

Павлопулос: Барањето за името е иредентизам, Македонија била и ќе остане грчка

Грчкиот претседател Прокопис Павлопулос го користи секој јавен настап за да упати обинувања и закани кон Македонија.

Со повторуваната фраза ,,Македонија била и ќе остане грчка’’, Павлопулос испрати порака до Скопје дека со иредентистички намери нема да се придружи кон Европската Унија, бидејќи со тоа го прекршува европското право.

-Присвојувањето име значи иредентизам и се прекршува европското право, што значи дека нема да има интеграција за нашите соседи во Европската Унија, бидејќи тие не ги исполнуваат дури ни условите од европското право. Да разјасниме, ние сакаме добрососедски односи и пријателство. Но, тоа минува низ почитување на историјата и институциите на Европа, изјави Павлопулос во Воден, на церемонијата на, како што се одбележува во Грција, 105 години од ослободувањето на градот од турската окупација..

Павлопулос остана единствен грчки политичар од државниот врв кој избегнува какви било контакти со Претседателот Иванов, или други македонски официјални лица. Тој смета дека градот Воден или како што го нарекуваат Едеса, е срцето на македонскиот отпор во периодот пред балканските војни, па се до поразот на турската империја, и дека е нараздвојно поврзан со кралството на Филип Втори и Александар Македонски, кое било основа на хеленизмот.

Изјавата на Павлопулос следи откако во неделата шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас изјави дека Атина и натаму ќе го користи ветото како инструмент за одбрана на грчките интереси.