Свет
26. October 2017 - 10:31

Павел: НАТО е против одлуката Турција да купи руски ракетни системи С-400

Претседателот на Воениот комитет на НАТО, Петар Павел изјави дека Алијансата е против одлуката на Турција за купување на руски ракетни системи С-400, главно поради, како што оценува тој, безбедносни причини, а не поради техничката неспојливост на воената опрема на Русија и Западот. 

- Потенцијалното снабдување со системи С-400 има одредени последици. Станува збор за систем, кој не може делумно поради технички причини, но главно поради безбедносни мерки, да биде интегриран во системот за противракетна одбрана на НАТО, истакна Павел. 

Тој смета дека, сојузниците треба да водат дискусии во однос на тоа, со цел да бидат разгледани сите прашања, кои предизвикуваат загриженост. 

- Но доколку таа земја при целосно разбирање на последиците се уште е решена да ги купи системит С-400, тое е нејзина „национална одлука“, нагласи Павел. 

На 12 септември турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган наведе дека Анкара потпишала со Моска договор за купување на системи С-400.