Македонија
19. January 2017 - 14:10

Павел Давидоски го фати крстот во Гостивар

Дваесет годишниот Павел Давидоски од Гостивар денеска беше најсреќниот меѓу триесетината гостиварци кои скокнаа во водите на Вардар по светиот крст на Богојавление Водици. На подарок од свешетнството од епархијата и организаторите на манифестацијата, доби крст и посребрена икона.

- Мојот трет обид се покажа како среќен и благодарена сум на Бога што ми даде сила прв да дојдам до крстот. Среќа, љубов и здравје им посакувам на сите христијани, рече Давидоски по врачувањето на подароците, на малиот мост на Вардар.

Прославата на Водици почна утрово со света литургија во соборниот храм „Пресвета Богородица“, а потоа верниците се приклучија на литијата која по богослужбата, тргна по градските улици до кејот на Вардар. Од таму митрополитот тетовско-гостиварски г. Јосиф го изврши чинот на осветување и го положи светиот крст во реката.

Богојавление во Гостивар се слави со положување на крстот во реката Вардар третпат, откако беше вознобновена традицијата по повеќе од седум децении пауза.