Фудбал
24. March 2017 - 8:58

Паулињо знае како со Уругвај

Репрезентацијата на Бразил оствари победа од 4:1 на гостувањето во Монтевидео против Уругвај во натпревар од 13.коло од квалификационата група во Јужноамериканската зона за настап на СП 2018. Јунак на дуелот беше Паулињо кој постигна хет-трик за „кариоките“.

Уругвај поведе во 9.минута со голот од пенал на Кавани, а потоа Пулињо ја тресеше мрежата на домаќинот во 18, 51 и 90+2 минута, додека четвртиот гол за Бразил во 74.минута го постигна Нејмар.
Бразил со овој триумф ја зголеми разликата на табелата во однос на конкурентите.
 
Резултати на дуелите од 13.коло:
Уругвај - Бразил 1:4,
Колумбија - Боливија 1:0,
Парагвај - Еквадор 2:1,
Аргентина - Чиле 1:0 и
Венецуела - Перу 2:2.
 
Табела: Бразил 30 бодови, Уругвај 23, Аргентина 22, Колубија 21, Еквадор 20, Чиле 20, Парагвај 18, Перу 15, Боливија 7, Венецуела 6.