Македонија
5. July 2016 - 16:39

Патролни служба во Штип против уништувањето на урбаната опрема

Штипското јавно комунално прептријатие „Исар“ со патролна служба во одбрана од вандалите. По воведувањето на мониторинг со видео надзор на имотот на претпријатието, раководството се решило за 24 часовно обезбедување, со патрилирање на возило на секои два часа на парковите површини.

-Имавме доста штета, безброј скршени клупи, детски реквизити, уништување на парковите, расфрлање на ѓубре, палење на контејнери, уништување на пазарот- изјави Ангел Бојаџиев, директор на ЈП „Исар“-Штип

Граѓаните несовесното однесување можат да го пријават на телефонскиот број испишан на автомобилот. Патролната и мониторинг службата брои 16 лица, кои соработуваат и со општинската комунална инспекција, а секое уништување ќе биде фотодокументирано, по што ќе следи соодветна пријава за надомест на штетата. Од уништување на урбаната инфраструктура ЈП –је досега трпеше штети од 30 000 евра годишно.