Патријархот Иринеј: Пресудата на Ратко Младиќ е дело на ѓаволот
Поглаварот на Српската православна црква, патријархот Иринеј оцени дека пресудата на поранешниот командант на силите на босанските Срби, Ратко Младиќ на доживотен затвор била сосема очекувана.
Иринеј за весникот „Ало“ озјави дека оваа пресуда, како и сите останати против Арбите, се резултат на тоа што „светските моќници работат ѓаволски дела“.
- Ние знаевме дека Ратко Младиќ ќе биде осуден и дека тоа ќе се случи. Ние, за жал тука ништо неможеме да направиме. Сето ова се случува бидејќи големите светски моќници работата ѓаволски дела, а ние ги трпиме последиците, изјави поглаварот на СПЦ.
Според него, во Хаг е направена неправда, бидејќи им се суди само на српските генерали, а сите останати се пуштаат на слобода како „само Србите да се виновни за се“.
- Со таа неправда може да се бориме така што ќе се грижиме за себе, да бидеме единствени, да работиме повеќе и да си ја гледаме својата работа. Друг начин не постои, заклучи српскиот патријарх Иринеј.
Ново на Сител
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо
-
Објавен конкурсот за уписи во средно училиште
-
Битолчанка пронашла граната додека копала нива
-
До вторник сончево и топло до 29 степени
-
Нето надворешниот долг на крајот на 2023 година изнесувал 4.458 милиони евра
-
Тетовци се жалат дека не можат да излезат од дома поради глутниците