Бизнис
14. May 2017 - 16:48

Патот на свилата станува реалност - Со 124 милијарди долари Кина ќе ги поврзува истокот и западот

Патот на свилата за 21 век  - се реализира. Амбициозен  проект на  кинескиот претседател Си Џинпинг  кој го поврзува  Истокот со Западот,  нуди слободен проток на стоки и инвестиции , како и  финансиска соработка, каде корист ќе имаат сите.   Планот опфаќа  инфаструктурно поврзување на Блискиот исток, Африка, Азија и Европа за кој  Кина е спремна да вложи 124 милијарди долари. Земјите во развој можат да добијат 8,7 милијарди долари. Џинпинг се залага за слободна трговија, со напуштање на старите модели засновани на ривалитет и дипломатски игри.
 
Кинескиот претседател вели дека целта не е да се формира мала група, туку голема хармонична коегзистенција. Порача дека Кина не сака да се меша во внатрешната политика на земјите, ниту пак да ја наметнува својата на  државите  кои учествуваат во  проектот.
 
На Форумот во Пекинг учествуваа  претседатели на држави, премиери, директори на моќни финансиски институции,  меѓу кои  Путин,Орбан. Ердоган, Лукашенко, Ципрас, но и генералнуиот секретар на Обединетите нации,  Гутераш  и претседателот на Светска банка. Македонија ја преставува министерот за надворешни работи и воцепремиер на Владата,  Никола Поповски.
 
Домаќинот се очекува да потпише документи за соработка со околу 20 земји и над 20 меѓународни организации.
 
Членките на Европската унија  изјавија дека нема нема да ја потпишат заедничката изјава за трговија , бидејќи се загрижени за транспарентноста, јавните тендери и меќународни стандарди за заштита на јавната и живоста срредина.