Македонија
20. January 2017 - 20:44

Патниот правец Ресен - Битола - Прилеп кај Баир блокиран

Патниот правец А-3 Ресен - Битола - Прилеп кај местото Баир од 18:30 часот е блокиран за сообраќај и се пренасочува низ централното градско подрачје на Битола, соопшти АМСМ.

Сообраќајот на државните патишта се одвива без застои и забрани, во зимски услови, по влажни коловози, со остатоци од кашест снег.  Се препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците е можна почеста појава на одрони, особено на патните правци: Кочани -Мак. Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово – Дебар - Струга, Демир Капија - Удово, Катланово - Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен - Буково.