Македонија
3. February 2016 - 20:17

Патничкиот воз повторно сообраќа на релација Скопје - Кочани - Скопје

Од денеска повторно е воспоставен редовниот патнички  сообраќај на релацијата Скопје – Кочани – Скопје. 

Возовите, како што информира Македонски железници, ќе тргнуваат од Скопје во 15:22 часот, а во Кочани ќе пристигнуваат во 18:14 часот. Кон Скопје возовите ќе тргнуваат во 5:50 часот наутро, а на железничката станица во Скопје ќе пристигнуваат во 8:41 часот.