Македонија
31. December 2017 - 8:32

Патиштата суви, магла и намалена видливост кај Смојмирово

Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози. Влажни коловози се бележат на повисоките планински и осојни места. Поради магла кај Смојмирово, видливоста е намалена од 50 до 100 метри. 
 
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани - Македонска Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово - Дебар - Струга, Демир Капија - Удово, Катланово - Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен - Буково.
 
Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.