Македонија
11. January 2017 - 17:13

Патиштата на истокот проодни за сообраќај

Сите магистрални и регионални патни правци на Истокот се проодни, информира првиот човек на регионалната подружница на „Македонија пат“, Кире Коцев.

- Прочистени се патиштата и сега за сега немаме никаква забрана- изјави Кире Коцев, директор на „Македонија пат“-подружница -Штип

Континуирано се чисти и патот до Плачковица и ски центарот Пониква, каде е зголемена фрекфенцијата на возила.

- Тој патен правец е еден од нај одржуваните и најчист пат, иако нон-стоп врне, сепак е прооден за сообраќај-изјави Коцев

Екстремно ниските температури предизвикаа големи проблеми во водоснабдителната мрежа во Штип. Санирањето на дефектите иницира запирање на водата по одредени реони во градот.

- Досега имавме над 16 дефекти, од кои 13 се отклонети и имаме 3 поголеми на кои моментално работиме. Сите дежурни служби на ЈП Исар за водовод и канализација се на терен- изјави Ангел Богаџиев, директор на ЈП „Исар“ – Штип

Онаму каде вода има, несовесните граѓани ги оставаат чешмите отворени во текот на ноќта, па потрошувачката го достигна лимитод како во лете, што може да доведе до празнење на резервоарите за вода.