Фудбал
6. October 2015 - 8:41

Партизан промаши два пенала и загуби?!

Фудбалерите на Партизан го доживеаја и 4. пораз во првенството на Србија и тоа во неверојатен меч од Чукарички со 1-0 пред своите гледачи. 

Гостите постигнаа гол од 30 метри а Партизан во вториот дел не реализира два удари од белата точка преку  Грбиќ и Бабовиќ.  Трагедијата да биде поголема  домаќинот 20 минути играше и со играч повеќе на теренот. 
По овој пораз црно-белите заостануваат 12 бода зад Црвена Звезда по 12 одиграни кола во Србија.