Македонија
11. March 2018 - 16:21

Партиски ставови за Законот за јазиците

СДСМ и ДУИ би го прекршиле Уставот и собранискиот деловник доколку се решат да одат на гласање на законот за јазици без да ги разгледаат амаднамните на ВМРО-ДПМНЕ. Ова е ставот на професорот по правни науки Никола Дујоски.

Тој апелира да се остави простор за постигнување на консензус со ВМРО-ДПМНЕ имајќи предвид дека и опозциската партија не е целосно против ваквиот закон. Непочитувањето на процедурата, според Дујоски би го девалвирал самиот закон, а би можело да дојде и недоразбирање помеѓу владините партнери.

Една седмица, рокот што го даде Џафери за усогласување на ставовите истекува во четврток. Од ВМРО -ДПМНЕ велат дека и понатаму остануваат на своите 36 илјади амандмани и дека за нив процедурата е јасна – расправа по амндамните и гласање. Спротивно на ова и ДУИ стои на својот став – дека директно треба да се гласа по Законот.  

Координаторот на пратеничката група на СДСМ Томислав Тунтев вели дека официјално се уште е во сила е одлуката од вторникот – да се даде шанса на дијалогот.

Пратеникот Амбди Бајрам веќе најави дека ќе гласа за законот, иако како што вели го смета за уставно – неуставен.

Талат Џафери вчера не одговори на повиците за тоа дали и кога ќе биде ставен на дневен ред зкаонот за јазици и која процедура ќе биде искористена.